Шведска ќе екстрадира Курд во Турција

svedska_zname_345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведската Влада денеска соопшти дека ќе екстрадира приврзаник на Курдска работничка партија (ПКК) во Турција, кој во татковината е осуден поради илегална трговија со дрога.

Со тоа Стокхолм де факто го исполнува условот поставен од Анкара за влез на Шведска во НАТО.


Шведска ќе го испорача 35-годишниот Курд и симпатизер на ПКК и на Народна демократска партија (ХДП), кој во 2014 година во Турција е осуден на 4,5 години затвор поради шверц на марихуана. Тој во 2018 година беше предвреме ослободен поради добро владеење и замина во Шведска. Тој во август минатата година беше уапсен на барање на Турција.

На почетокот на јуни шведскиот Врховен суд пресуди дека нема пречки за негова екстрадиција и дека Шведска не ги прекршува ниту шведските закони, ниту Европската повелба за човекови права.

Курдот тврди дека Анкара го прогонува само поради неговата политичка инволвираност, т.е. промовирање на курдското прашање.

Одлуката на шведскиот суд е донесена откако Реџеп Тајип Ердоган повторно победи на претседателските избори во мај.

Турција веќе 13 месеци го блокира влезот на Шведска во НАТО поради попустливост кон курдските активисти на нејзина територија. Анкара бара да бидат екстрадирани десетици поддржувачи на ПКК кои живеат во Шведска и кои ги смета за терористи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK