Холандија и Канада ја тужат Сирија поради измачување на илјадници цивили

cekan_sud_4564654
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандија и Канада денеска поднесоа заедничка тужба пред Меѓународниот суд на правдата против Сирија, обвинувајќи го „режимот на Башар ал Асад за измачување на илјадници цивили“, што е кршење на Конвенцијата на Обединети нации.

Холандија и Канада тврдат дека Сирија „го прекршила меѓународното право безброј пати“ и бараат трибуналот да донесе привремени мерки, со кои ќе му нареди на Дамаск да ја запре наводната широко распространета програма за тортура против секој кој се спротивставил на владата за време на граѓанска војна во земјата.


Според тужбата, постојат многу докази дека Владата на Асад е вмешана во систематско, грубо кршење на човековите права од 2011 година.

Во 12-годишниот конфликт во Сирија загинаа речиси половина милион луѓе, а над 11 милиони луѓе се раселени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK