Синдикат на ДИЦ: Од првата државна матура се бориме таа да се полага во големи простори или со блокатори, но досега не сме добиле дозвола

sindikat dic
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синдикатот на Државниот испитен центар (СОДИЦ) го демантира Министерството за образование и наука кое денеска соопшти дека побарало од оваа година полагањето на испитите од државната матура да се спроведе во поголеми простории во училиштата, како училишните сали и холови, но дека тоа не се случило поради штрајкот на вработените во ДИЦ непосредно пред датумите за спроведување на државната матура.

-Обидот на министерот, односно на МОН да ја префрлат одговорноста на вработените на ДИЦ и на штрајкот за нерегуларностите во спроведувањето е само избегнување на сопствената одговорност за настаните. Ве известуваме дека изјавата на министерот во врска со причините за неполагање на државната матура во големи простории е лага. Впрочем, за матурата да се спроведува во сали или да се обезбедат блокатори (интернет и телефонските мрежи) во училиштата, вработените на ДИЦ се борат од спроведувањето на првата матура и досега не сме добиле дозвола за тоа. И без штрајк ќе постоеја вибер-групи и немаше испитите да се спроведат во големи простории! Затоа, министре, покажете доблест, но пред сè лична одговорност и не се кријте зад штрајкот, пишува во реакцијата на СОДИЦ.


Синдикатот на Државниот испитен центар наведува и дека штрајкот го ставил во мирување  во интерес на учениците и одлучил дека ќе покаже практично што значи грижа за општественото добро со тоа што ќе ја реализира државната матура.

-Без оглед на тоа што од штрајкот добивме само празни ветувања, знаевме дека можеме професионално и навремено да ја завршиме нашата обврска. Тоа и го направивме, истакнува Синдикатот и  потсетува дека штрајкот е во мирување, но не е завршен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK