Мицкоски: Мојот став е јасен – Треба прво ветинг на политичарите и нивните блиски, милијарди тежи капиталот на политичарите, да докажат како го стекнале

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле коментирајќи го предлогот на ДУИ за ветинг на политичките партии, вели дека неговиот став по ова прашање е јасен, а тоа е дека прво треба да се спроведе ветинг на политичарите и нивните блиски, бидејќи како што рече капиталот на политичарите тежи милијарди и треба да докажат како го стекнале.

Што се однесува за ветингот, мојот став е јасен – треба прво ветинг на политичарите и нивните блиски. Милијарди тежи капиталот на политичарите, да докажат како го стекнале и да видиме потекло на имотот, па потоа сѐ друго. Се пријавувам доброволно да бидам прв во тој процес, изјави Мицкоски за Дојче Веле.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK