Дебата „Придонесот на Парламентот во работата на Советот за човекови права на ОН и Универзалниот периодичен преглед“

sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собранието и Концеларијата на Обединетите нации во земјава денеска организираат заеднички настан на тема „Придонесот на Парламентот во работата на Советот за човекови права на ОН и Универзалниот периодичен преглед (УПП)“.

Како што информираат од собраниската Прес-служба, на настанот ќе се обратат претседател на Собранието, Талат Џафери, постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџaк, координаторт во Одделот за УПП нa Канцеларија на Високиот комесар за човекови права на ОН, Сепиде Мохаџер, претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието, Халил Снопче и претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Гордана Силјановска-Давкова.


На дебатата ќе се разговара и образложи важноста и придобивките од вклученоста на Парламентот во активностите на Советот за човекови права на ОН и други меѓународни и регионални механизми за човековите права, а ќе се дискутира и за можностите за поголемо и активно учество и придонес на Собранието во Универзалниот периодичен преглед.

Како што посочуваат од собраниската Прес-служба, ќе бидат разменат компаративни искуства и добри практики на учество на Парламентот во Советот за човекови права на ОН и УПП. Ќе се разгледаат и можностите за зајакнување на учеството и придонесот на Собранието на Република Северна Македонија во УПП и унапредување на човековите права на домашен и меѓународен план.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK