Лидерот на Беса, Биљал Касами најави дека неговата партија нема да биде дел од евентуална широка влада.
На прашањето дали Беса ќе влезе во широката влада која премиерот Димитар Ковачевски и ја предложи на ВМРО-ДПМНЕ, Касами во изјава за медиуми на албански јазик во земјава вели дека неговата партија би влегла во Влада, дури по следните парламентарни избори.
– Не. Движењето Беса ќе влезе во Владата дури по следните парламентарни избори, како победник на тие избори во албанскиот политички блок, изјави Касами.