Би-би-си: Уапсена поранешната шкотска премиерка Никола Старџен

stardzen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешната шкотска прва министерка Никола Старџен е уапсена во врска со тековната истрага за финансирањето и финансиите на нејзината СНП, јави Би-би-си.

Полицијата потврди дека 52-годишната политичарка е приведена како осомничена и е сослушана од детективи.


На 5 април, полицајците го претресоа нејзиниот дом и седиштето на партијата во Единбург.

Полицијата го уапси и нејзиниот сопруг Питер Мурел, поранешен извршен директор на СНП, кој беше ослободен без да се покрене обвинение.

По две недели приведен беше и благајникот на СНП, Колин Бити, но и тој беше ослободен без обвинение, појасни Би-би-си.

Мурел и Бити беа третирани како осомничени и беа приведени за законски дефинираниот период до 12 часа на испрашување пред да бидат ослободени во очекување на дополнителни истраги.

Според шкотскиот Закон за кривична правда од 2016 година, полицијата може да го ослободи осомничениот за натамошна истрага, но истиот подоцна може повторно да биде уапсен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK