ЦДТ: До 15 часот на изборите во Црна Гора гласале 35,1 отсто од гласачите

izbori 111
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На вонредните парламентарни избори во Црна Гора до 15 часот гласале 35,1 отсто од гласачите или околу 190,75 илјади граѓани, соопшти Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), јави Мина.

Според податоците на оваа невладина организација, до 15 часот на северот на Црна Гора гласале 38,6 отсто, во централниот дел 36,2 отсто, а на југот 29,1 отсто.


На парламентарните избори во 2016 година во истиот период гласале 48,2 отсто од избирачите.

На претседателските избори во 2018 година до 15 часот гласале до 41,9 отсто од избирачите.

Во првиот круг од претседателските избори во 2023 година, до 15 часот гласале 45,4 отсто од гласачите, а во вториот 49,8 отсто.

Право на глас на избори имаат 542.468 граѓани, а гласачките места се отворени до 20 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK