На вонредните парламентарни избори во Црна Гора до 11 часот гласале 16,3 отсто од избирачите, соопшти Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ). Според податоците на таа невладина организација, во северниот дел на Црна Гора до 11 часот гласале 15,9 отсто, во централниот дел 17,2 отсто, а во јужниот 14,8 отсто. Излезноста на парламентарните избори во 2020 година во истиот период беше 35,4 отсто, а во 2016 година 20,7 отсто.
Во првиот круг од претседателските избори во мај до 11 часот на гласање излегле 20,1 отсто од гласачите.
Право на глас на изборите имаат 542.468 граѓани, а гласачките места се отворени до 20 часот.