Струмичките карневалски групи на средните општински училишта „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ учествуваа на третиот Меѓународен карневал во Тиват, Црна Гора, којшто се оддржа од 9 до 11 јуни.
-Нивните впечатливи маски од последното издание на Струмичкиот карневал оставија силен впечаток и кај многубројната публика во Тиват, информираа од Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал.
Меѓу 500 учесници во 23 групи од 15 земји, карневалските групи се претставија со маските „Ритамот на младоста“ и „Струмички глуварчиња“.