Фудбалските федерации на Шпанија и Бразил на своите официјални веб-страници објавија дека репрезентациите ќе одиграат пријателски натпревар како дел од борбата против расизмот.
На плакатот за претстојниот натпревар има неколку играчи, меѓу кои и напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор. Неодамна Бразилецот се соочи со расистички навреди во натпреварите од Ла Лига.
Натпреварот меѓу репрезентациите треба да се одигра во март 2024 година.