– Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги сподели своите емоции по освојувањето на ФА Купот.
– Сега веќе можеме да зборуваме за тројната круна. Секако, ни останува да ја освоиме Лигата на шампионите. Се претставивме многу добро, во вториот дел имаше повеќе простор. Утре и задутре играчите ќе имаат одмор, па три-четири тренинзи – и лет за Истанбул. Останувам навивач на Барселона, но ќе го сакам Манчестер сити до крајот на мојот живот. Знам каква радост им дадовме на навивачите денес победувајќи ги нашите градски ривали, изјави Гвардиола за „BBC Sport“.
Манчестер сити го освои седмиот ФА Куп во историјата (1903/04, 1933/34, 1955/56, 1968/69, 2010/11, 2018/19, 2022/23).
Во тековната сезона „Граѓаните“ имаат шанса за тројната круна доколку го победат Интер во финалето на Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра на 10 јуни во Истанбул.