Јавната установа Детски културен центар „Карпош“ денеска прослави 75 годишно постоење.
Оваа реномирана градска институција сместена во малата скопска палата на булеварот Илинден, од 1948 година, па се до средината на минатиот век беше Пионерски Дом, а денес Детски културен центар – Карпош.
-За време на своето постоење, Детскиот културен центар – Карпош зачува сè што е добро и го надополнува со современи креативни, модерни и интерактивни програми, секции и работилници кои ги следат социјалните појави и трендови, во согласност со интересите на децата и младите, велат од Детскиот центар.
Директорката на центарот д-р Билјана Лалчевска Серафимовска изрази благодарност за посветеноста на вработените.
-Овој јубилеј го посветуваме на оние кои вредно работеле и дале свој голем придонес во развојот на ДКЦ – Карпош, некогашните вработени, денес пензионери, а и на сегашните вработени кои ги исполнуваат ветувањата и оставениот аманет, посочи директорката Лалчевска Серафимовска.