– Три автомобили се оштетени утрово при фрлена бомба во белградската општина Звездара, а според првичните информации нема повредени, јави Бета.
Бомбата била фрлена од непознато лице од возило во движење.
Полицијата врши увид на лице место, по што ќе се знаат повеќе информации.