Во Скопје изречени 137 санкции од кои 23 за возење без возачка дозвола

policija-stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Во Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 137 мерки од областа на сообраќајот од кои 23 се за возење без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека меѓу изречените мерки се и девет санкции за брзо возење, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл и три санкции за возење под дејство на алкохол.


Изречени се и 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на црвено светло, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас..

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK