– Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Анкара ќе присуствува на инаугурацијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој победи на неодамнешните избори и доби нов мандат.
По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости кои ќе бидат присутни на инаугурацијата во Анкара.