Модриќ му соопштил на раководството на Реал за желбата да замине


modrik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ може да го напушти тимот, во летниот преоден рок.

Според „Diario Sport“ клуб од Саудиска Арабија на Модриќ му понудил договор на три години, за што би можел да добие 120 милиони евра. Во врска со ова, играчот на управата на Мадрид и порача дека е подготвен да го напушти тимот на лето.


Триесет и седумгодишниот играч за врска оваа сезона забележа 51 настап во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и шест асистенции.

Договорот на Хрватот со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK