Високи 66,7 проценти од анкетирани неготинци одговориле дека би се иселиле, анкета на екологистите од ,,Ековита”

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високи 66.7 проценти од анкетирани, одговориле дека би се иселиле од општината Неготино, покажува анкетата на неготинските екологисти од Здружението за заштита на животната средина „Ековита”.

– На прашањето, според ваше мислење, кој е одговорен за моменталната состојба во Општина Неготино, анкетираните дадоа неколку слични одговори, меѓу кои и тие, дека одговорноста е кај народот затоа што секогаш избира погрешни, кај политичките партии, бипартизмот и личните лукративни интереси на поединци, сегашните и претходни власти, општинската администрација и малата еколошка и општествена свест на самите граѓани, партизираноста во сите области, појасни денеска за МИА, Сашко Тодоров, претседател на здружението.


Биле анкетирани неготинци на различна возраст. Само 21.9 проценти од нив, кажале дека се задоволни од еколошката состојба во општината. Жителите на Неготино се самите виновни за појавата на диви депонии, одговориле 49 отсто од испитаниците. Дури 41.7 проценти од анкетираните, ја оцениле работата на општинската администрација со единица.

Анкетниот прашалник е составен дел на потпроектот ,,Еко лупа”, финансиран од Владата на Швајцарија, во рамки на проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Ековита, под иницијативата ,,Неготино зелен и чист град”, го мониторира изборното ветување на градоначалникот за изградба на нов, модерен градски парк кај СРЦ Младост, како и чистење на сите диви депонии и преземање на мерки за спречување на нови.

Резултатите од анкетата, ги презентираше еко активистот Мите Јаначков, пред присутни жители на општината и претставници на локалната самоуправа и општествениот живот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK