Казни за 218 возачи за брзо возење на територијата на цела држава


policija-radar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 218 возачи.

Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Како што соопштија од МВР, 163 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 55 надвор од населено место.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK