Во Тетово гостуваше Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“

tanec
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ вчера одржа нов концерт во Тетово како дел од „Танец низ татковината“ целовечерни концерти на целиот ансамбл, кој го сочинуваат играорен кор, вокален ансамбл и оркестар. Играорците, оркестарот и пејачките групи настапија на големата сцена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.

-Беше изведена програма во која зад најголемиот дел од нумерите стои потписот на прерано починатиот првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на НУ „Танец“, големиот композитор, аранжер и инструменталист, Милан Завков, изјави Бранка Костиќ-Марковиќ, уметнички раководител на ансамблот.


Дел од програмата без изведба на „Велигденско оро“, „Копачија“ (2001), сплет песни од кореографијата „Сербез Донка“ (2009), „Водарки“ итн.

„Танец низ татковината“ се целовечерни концерти на целиот ансамбл, кој го сочинуваат играорен кор, вокален ансамбл и оркестар. Сите изведуваат атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од разни региони на кои се создавало македонското музичко-сценско фолклорно наследство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK