Универзитетот „Кирил и Методиј“ денеска одржа избори на кои 1 419 редовни и вонредни професори, доценти и студенти гласаа за избор на нов ректор за мандатниот период од 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година.
Актуелната проректорка за финансии на УКИМ, Билјана Ангелова стана новиот ректор со добиени само 27% од вкупниот број на гласови според Единствениот избирачки список, односно 392 гласа. Разликата помеѓу гласовите на професорите Христина Спасевска и Димитар Ташковски е само 5 гласа. Вкупно 187 професори и студенти гласале за професорката Спасевска, додека пак 192 гласа за Ташковски, кои доаѓаат од ФЕИТ.
Горан Ајдински од Филозофскиот факултет на денешните избори за ректор освои 181 глас од вкупно 1 419 гласачи, 152 гласови за професорот Атанас Кочов и 118 за професорот Дуев.
Гласањето за избор на ректор се одржа на 23 факултети и пет институти во состав на УКИМ. Од вкупно 1 419 гласачи запишани во Единствениот избирачки список на УКИМ, правото на глас го искористиле 1 251 гласачи, од кои 29 се неважечки.