Ховенир: Косово не се координираше со САД, поради тоа – нема учество на Косово во воена вежба „Дефендер“

hovenir
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховенир денеска на средба со повеќе новинари во Приштина изјави дека откажувањето на учеството на Косово на воените вежби „Дефендер Европа 2023“ е првата последица за Владата на Косово бидејќи ги отфрлила повиците на Вашингтон да не ескалира ситуацијата на северот на Косово, пренесе Бета.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 26 мај предупредил дека постапките на Владата на Косово во северните општини ќе имаат последици врз билатералните односи.


„Првиот показател за тоа беше одлуката што ја донесе синоќа американскиот командант за Европа да го откаже учеството на Косово на „Дефендер Европа 2023“, рече Ховенир.

„Тие вежби се завршени за Косово“, додаде тој.

САД ја критикуваа Владата на Косово, нагласувајќи дека на 26 мај новите албански градоначалници во северните општини „насилно влегле“ во општинските згради на север.

Ховениер рече дека САД исто така размислуваат за други одлуки што треба да донесат поради тоа.

„Побаравме косовскиот премиер Албин Курти веднаш да преземе чекори за деескалација на ситуацијата на север. Тој не одговори на тие барања. Затоа размислуваме кои ќе бидат нашите следни акции“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK