Средба на Џафери со новиот кувајтски aмбасадор Ал-Фадли

dzaferi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска остварил средба со новоименуваниот амбасадор на Кувајт за  Македонија, Гази Хамад Ал-Фадли, на кој му посака добредојде и успешен мандат. Џафери ја искористи приликата за воедно да се заблагодари за успешната соработка со досегашниот амбасадор, Јакуб Ал-Атики.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Џафери истакна дека негова цел е отворање на резидентни амбасади во двете земји и интензивирање на контактите на сите нивоа. Во таа насока, тој потенцира дека Групите за соработка кои постојат во двата парламенти, се најдобрата основа за иницирање на соработка на парламентарно и на секакво друго ниво.


Амбасадорот Ал-Фадли се заблагодари за можноста за средба со претседателот Џафери и искажал задоволство што е именуван токму во нашата земја за која смета дека е многу убава, со убави предели и гостопримливи луѓе. Тој нагласи дека за време на неговиот мандат, ќе работи на унапредување на меѓусебните односи на сите полиња и ја истакна економската соработка како главна порта за контакти и во таа насока ја образложил неговата намера да се сретне и со членовите на Стопанската комора за да се разгледаат можностите за идната економска соработка. Во тој контекст потенцира дека укинувањето на визниот режим помеѓу нашите земји може многу да ја олесни взаемната соработка.

Претседателот Џафери и амбасадорот Ал-Фадли се согласија дека соработката на полето на туризмот може да биде многу полезна за двете земји и дека  Македонија има многу сѐ уште неоткриени убавини кои треба да се видат од странските туристи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK