Промоција на книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ на Магдалена Стојмановиќ – Константинов

denot-koga-zaboravivme-da-placeme
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ – збирка научно-фантастични раскази на Магдалена Стојмановиќ – Константинов.

Како што информира авторката, книгата е составена од девет раскази, осум од расказите се напишани од неа, а еден е генериран со помош на софтвер на вештачка интелигенција.


– Книгата претставува обид за спроведување на таканаречен турингов тест, при кој читателот ќе биде предизвикан да открие кој од расказите не е напишан од човек, туку од софтвер на вештачка интелигенција. Инаку расказите имаат иста структура, во сите раскази има ликови, директен дијалог, должината на расказите е слична, како и нивната композиција со што се отежнува можноста да се препознае разликата помеѓу човечко авторство и производ на ВИ, наведува Стојмановиќ – Константинов.

Вели дека идејата на книгата, која воедно може да се користи и како „алатка“ за тестирање на разликите во авторството на ВИ и човекот, е да се види дали воопшто има разлика во начинот на кој пишува човек и софтвер на ВИ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK