Грција и официјално влезе во предизборен период

grcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нешто помалку од десет дена од парламентарните избори по кои ниту една од партиите не го доби потребното мнозинство за формирање Влада, Грција и официјално влезе во нов предизборен период во пресрет на следните избори на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот Парламент по 22 часа од отворањето, како што беше и очекувано, се распушти, претседателката и премиерот го потпишаа соодветниот претседателски декрет, по што и официјално беа распишани изборите, а лидерите на партиите започнуваат со предизборните кампањи и митинзи низ цела Грција.


Пратениците кои ја добија довербата од граѓаните имаа мандат пократок од 24 часа, што е втор пат во поновата грчка историја, Парламентот да се отвори на само еден ден.

Во неделата попладне новите 300 пратеници положија свечена заклетва, вчера беа избрани претседателот на Парламентот, замениците и секретарите, следеше протоколарната постапка на објавување на претседателскиот декрет на влезната врата на Парламентот, што го означи почетокот на предизборниот период.

Декретот предвидува новиот парламентарен состав што ќе произлезе од изборите, првата седница да ја одржи на 3 јули, односно осум дена по изборите.

Очекувањата во земјата се дека по 25 јуни, доколку се повторат резултатите од претходните избори, во комбинација со новиот изборен модел што предвидува бонус пратеници за првата партија, Нова демократија да успее да формира еднопартиска Влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK