Црна Гора планира да изгради државен центар за податоци

crna_gora_5756575656
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црна Гора планира да изгради државен Дата центар, односно Центар за податоци, поради што е донесена одлука за изработка на физибилити студија, објави денеска РТЦГ.

Во информацијата што ја усвои Владата, се наведува дека, за да се обезбедат неопходните предуслови за понатамошна дигитална трансформација на црногорското општество, потребно е да се започнат плански активности за изградба на Државниот центар за податоци, кој би претставувал единствен комплекс за комплетната државна администрација, изграден во согласност со сите меѓународни стандарди поврзани со дата центри, информации и кибер безбедност.


„Иако целта е да се изгради еден објект со доволен капацитет за потребите на сите државни институции, државниот центар за податоци би можел да се сегментира и да обезбеди организација на посебни простории за оние институции кои имаат специфични безбедносни барања“, се наведува во соопштението.

Владата го задолжи црногорското Министерство за јавна администрација да изработи физибилити студија за потребата од изградба на Државен дата центар, во која ќе се предвиди оптималниот модел на финансирање и Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам во соработка со Министерството за Јавната администрација и локалните власти, да ги разгледаат најоптималните опции за просторно планирање за избор на локација и изградбата на овој центар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK