Британскиот премиер планира да побара ограничување на цените на основните прехранбени производи

rishi_sunak_34534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот премиер Риши Сунак планира да побара од трговците на мало да воведат ограничувања на цените на основните прехранбени производи, како што се лебот и млекото, во обид да се справи со зголемените животни трошоци.

„Телеграф“ објави дека Даунинг стрит развива стратегии за борба против инфлацијата, при што тим од помошници кои работат под Сунак започнуваат разговори со супермаркетите, инспирирани од сличен аранжман во Франција.


Планот вклучува големи трговци на мало кои се обврзуваат да наплатуваат најниска можна цена за избраните основни прехранбени производи.

Весникот, повикувајќи се на извор од Министерството за финансии, објави дека инфлацијата кога се во прашање прехранбените производи е многу потешка за решавање отколку што очекувале. Се наведува и дека разговорите со трговците се во прелиминарна фаза.

Инфлацијата на потрошувачките цени во Велика Британија во април се намали на 8,7 отсто на годишно ниво, откако во март достигна 10,1 отсто.

Најновите податоци на Канцеларијата за национална статистика (ONS) покажуваат дека цените на храната продолжија да растат брзо, достигнувајќи ја највисоката стапка на раст во речиси 45 години.

Иако стапката на раст на цените на прехранбените производи благо забави до април, таа сепак изнесуваше 19,1 отсто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK