Мило: Курти си игра со оган, непромислен чин е насилното внесување на градоначалниците во Косово

paskal milo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот шеф на албанската дипломатија, еден од најпознатите историчари и универзитетски професор, Паскал Мило анализирајќи ја состојбата во северот на Косово, оценува дека дејствијата на косовските власти во четирите општини и судирите со тамошните Срби „можеби намерно ги направил премиерот Албин Курти поради тешката ситуација во која се наоѓа“.

Тој оцени дека Курти не може да побегне од времето и одговорноста да им претстави на меѓународните претставници план за Заедница на српски општини.


Тој нагласи дека секој план што ќе го претстави за Заедницата нема да може да ги задоволи меѓународните претсавници, но ќе предизвика незадоволство во Косово. И во овие услови, според него, премиерот на Косово си игра со оган.

-Не верувам дека Курти може да освои нешто, освен поддршката од симпатизерите на неговата партија и оние делови од населението на Косово кои бараат конфронтација и кои работат со националистички тези, без да го гледааат националниот интерес на сите на Косово. Сега му е потребна оваа поддршка бидејќи се соочува со деликатна одлука. Не може да избега од времето и одговорноста да ја даде својата верзија за Заедницата. Се очекуваше деновиве тој да ја достави верзијата на косовската влада за ЗСО наведува тој.

Како и да е, во секоја варијанта што ќе им ја достави на странците, посочува Мило, се подразбира дека тоа ќе биде меч со две острици, бидејќи нема да биде во согласност со она што западњаците сакаат да видат од Курти, а второ, што и да направи ќе предизвика незадоволство со ЗСО во Косово.

-Курти игра политички, но си игра и со оган. Не се знае како ќе се движи ситуацијата. Настаните се такви што имаме повторно затегнување на ситуацијата или во внатрешен план, во стабилност на целата земја или во меѓународен план, како што се додаваат прашалниците зад името на Курти. За начинот на кој води политика и колку е сигурен во односите со Соединетите Американски Држави. Во политиката има подеми и падови и никогаш нема долгорочна стабилност, рече Мило во гостување на Еуроњуз Албанија.

Според него „голем политички театар е она што се случи на северот на Косово пред два дена кога полицијата се судри со локалните Срби во обид да ги внесе во општинските згради новите градоначалници, што е целосно непромислен чекор на Курти“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK