Во Маврово обука за девојки и жени за зајакнување лидерски вештини

zeni_devojki_35244234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во Маврово викендов се одржува програмата „Future is Feminist“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и во соработка со Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој – СИГА (SIGA).

Програмата, како што наведуваат од СИГА, претставува серија на обуки за млади и инспиративни девојки и жени кои се спремни да учат, напредуваат, водат и служат на демократските процеси и целат кон развој на нивната кариера во бизнисот или политиката. Целтa е, истакнуваат, да се детектираат и обучат младите девојки и жени да ги зајакнат своите лидерски вештини и да го менуваат општеството кон подобро.


Поранешниот приватен секретар на принцезата Дијана, консултант, новинар и бестселер автор на „Њујорк тајмс“, со седиште во Вашингтон, Патрик Џефсон и поранешната претседателска советничка, единствена жена којашто што работела за два американски претседатели Роналд Реган и Џорџ Буш постариот, за двајца премиери на Обединетото Кралство, Тереза Меј и Дејвид Камерон, како и за Кралицата Елизабета – глобалната експертка за репутација, кризи и бренд менаџмент, Мери Џо Џејкоби биле двајцата главни говорници, кои виртуелно учествувале на вториот модул „Репутација и управување со буџет“ од програмата.

Во неговото излагање, Џефсон потенцирал дека лидерите мора да се адаптираат на потребите на целиот тим и оти потребно е секојдневно да работат на својот бренд.

– Женското лидерство е неопходната промена за визијата во општеството. Лидерството се вредности и правда, а секој успешен лидер потребно е да ги негува. Лидерот е личноста којашто ги признава своите грешки и прави атмосфера во која секој вработен што направил грешка, треба да се чувствува слободен да ја признае. Најважно е да се знае каков тим стои позади секој лидер, но и за да се изгради добра репутација, важно е лидерот да се опкружи со паметни и вредни луѓе коишто ќе го вложат своето знаење и вештини, смета Џефсон.

Џејкоби информирала дека секој што верува и вложува во себе,може да успее, давајќи пример за нејзината професионална кариера, каде што од најниската почетна позиција, се искачила сè до највисокото скалило во кариерата.

– Првите седум секунди се клучни за оставање на впечаток кај секоја индивидуа. Кога формирате тим важно е да изберете личности коишто ќе бидат трипати попаметни од вас, затоа што само така може да ја направиме разликата и промената во општеството на подобро. За сите тимови е потребна и машката и женската перспектива за да се постигне успех. Машки лидер не може да егзистира без женското мислење и обратно. И јас и Патрик сме успешни во кариерата, но, разликата е тоа што како жени, ние се соочуваме со потешкиот пат, посочила Џејкоби.

На вториот модул учество ќе земат и директорката на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој СИГА, Мила Царовска, редовната професорка по менаџмент на човечки ресурси, лидерство, организациско однесување и истражувачка методологија за бизнис и менаџмент на Институтот за социолошки и политичко–правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Марија Топузовска Латковиќ и управниот директор на првиот акцелератор за социјално претприемништво и импакт бизниси во Северна Македонија Кристијан Милевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK