Бајден постигна договор со републиканците за суспендирање на горната граница на американскиот долг

bajden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Конгресот, кој е од Републиканската партија Кевин Мекарти постигнаа привремен договор за суспендирање на горната граница на задолжувањата на федералната влада, ставајќи крај на повеќемесечниот ќор-сокак.

Договорено е горната граница на јавниот долг да не надминува 31,4 милијарди долари за трошоци кои не се поврзани со националниот одбранбен систем, што е приближно иста сума што важи и за тековната буџетска година.


„Само што разговарав со претседателот пред малку. Откако тој го трошеше времето и одбиваше да преговара со месеци, постигнавме начелен договор што е достоен за американскиот народ“, напиша Мекарти на Твитер.

Во изјавата, Бајден го нарече договорот „важен чекор напред“. – Договорот е компромис, што значи дека не секој го добива она што го сака. Тоа е одговорност на власта, истакна американскиот претседател.

Според него, договорот е добра вест за американскиот народ бидејќи спречува катастрофален развој што можеше да влијае на економската рецесија, да ги загрози пензиските фондови и да придонесе за затворање на милиони работни места.

– Во текот на следниот ден нашите преговарачки тимови ќе го финализираат текстот на законот и договорот ќе оди пред Претставничкиот дом и Сенатот. Ги повикувам двата дома да го потврдат договорот што е можно поскоро, рече Бајден.

Договорот е постигнат по деведесетминутниот телефонски разговор меѓу Бајден и претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK