28 мај 2023
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 мај.
Преподобен Гаврил Велички
Мијалче (подоцна Гаврил Светогорец, Епископ Велички) се родил на 10 март 1926 година, во Штип, од православни родители Методиј (подоцна монах Кирил) и Гора Парнаџиеви. Во 1955 година, четири-пет години работел како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип. Покрај работата во училиштето, Мијалче, заедно со својот татко Методиј, работел и како скулптор. Вo 1963 година заминал на Света Гора. За неговиот престој таму директно добил благослов од Игуменијата на Света Гора – Пресвета Богородица. Бил замонашен во грчкиот манастир „Свети апостол Павле“ со монашко име Гаврил. Сето време додека престојувал на Света Гора избегнувал контакти со луѓе. Меѓутоа, неговиот престој таму не траел долго; морал да се врати во својата родна земја. Никогаш не му давал одмор на своето тело – речиси никогаш не спиел, а и кога спиел, секогаш лежел на земја или на тврда рогозина. Иако многу строго постел и бил многу слаб, поседувал голема виталност и енергија. Редовно ги служел сите богослужби во манастирот и непрестајно се трудел во подвигот на умно-срдечната молитва. Тишината и самотијата биле негови постојани сотрудници, затоа и често ги користел двете ближни пештери. Од Бог добил дар на проѕорливост и чудотворство. Во 1981 година, на 28-ми август, на празникот на Успение на Пресвета Богородица, од Синодот на Македонската Православна Црква бил унапреден во архимандрит, а по точно една година бил хиротонисан за Епископ со титула Велички. Иако отсекогаш копнеел и прибегнувал кон тихување, сепак, од послушание прифатил да биде хиротонисан за епископ. Си ја предвидел својата смрт и самиот си отслужил четириесет заупокоени Литургии. На 12 јануари 1990 година, со Евангелието, кое постојано го читал, и со крстот на гради, а во раката – бројаница, мирно Му ја предал својата душа на Бог. Бил погребан зад олтарниот дел на манастирот, покрај својот телесен татко и духовен син, отец Кирил.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е 28 мај.
Духови
Денеска го славиме Денот на душата, празникот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите во Ерусалим, педесет дена по Христовото воскресение. Се слави и како празник на раѓањето на Црквата затоа што апостолите, полни со Светиот Дух, зборувале на таков начин што луѓето од сите народи и јазици можеле да ги разберат, а многумина се крстиле и го примиле Светиот Дух. . Исус им ветил на своите апостоли дека ќе го испратат Светиот Дух. Доаѓањето на Светиот Дух ни го опиша свети Лука во второто поглавје од Дела на апостолите, а неговото дејство можеме да го следиме низ целата книга Дела на апостолите. Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици. Пламенот свети, дава топлина, чисти, а топлината дава животна сила. Сето тоа го почувствуваа и самите апостоли, откако го примија божествениот пламен во себе. Низ нивните срца течела некоја мистериозна сила, која ги принудувала да проповедаат, да сведочат. Светиот Дух е Бог како Отецот и Синот, од една и иста природа со нив. Тој е живиот пламен на меѓусебната љубов на Отецот и Синот. Отецот и Синот ни го испраќаат Светиот Дух за да не поврзе со нив што е можно повеќе.