Утрово во Косово мирно, КФОР ја следи ситуацијата

kosovo zvechan nemiri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во северниот дел на Косово утрово е мирно, а полицијата со возила ги блокира приодите кон зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, јави Бета.

На административните премини Јариње и Брњак утрово нема блокади, гужви и застои, а патничкиот и товарниот сообраќај се одвива без проблеми, јави РТС. Синоќа имало гужва поради граѓаните од Косово кои се враќале од Белград од митингот „Србија на надежта“.


Мисијата на КФОР ги осуди „сите еднострани дејствија што ризикуваат понатамошна ескалација на тензиите“ во Косово.

„Наш прв приоритет останува осигурување безбедна средина, во согласност со нашиот мандат“, објави синоќа мисијата на Твитер.

Во соопштението на Кфор се додава дека тие „внимателно“ ја следат ситуацијата на северот на Косово.

Во судирите со косовската полиција вчера беа повредени неколку десетици лица кои го спречуваа влегувањето на новите претседатели на општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток во општинските згради.

Интервенцијата на Приштина на северот на Косово ја осудија мисиите на КФОР и ЕУЛЕКС, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен, амбасадорите на САД во Белград и Приштина, комесарот за проширување на Европската унија, ги повикаа косовските власти веднаш да ги прекинат овие акции, пишува Бета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK