Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ, објави „ESPN“.
Страните веќе преговараат, освен тоа, агентот на 27-годишниот Шпанец, Жорге Мендеш е во добри односи со спортскиот директор на парижаните Луис Кампос, што би можело да придонесе за зделка.
За фудбалерот се заинтересирани и Астон Вила, Јувентус и Милан, но најпосакувана опција му е ПСЖ.
Во сезоната 2022/23, Асенсио постигна 12 гола и осум асистенции на 50 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Фудбалерот реши да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен играч.