Прогноза на изборниот резултат (exit poll) во Грција: Нова демократија во предност пред СИРИЗА

izbori grcija 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нова демократија на првата, СИРИЗА на втората, ПАСОК -Движење на промена на третата позиција е резултатот од објавените exit poll, односно процените за изборниот резултат од агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.

Приватните телевизии Мега, Скај, Стар, Антена, Алфа и Open, Action24 и државната ЕРТ, веднаш по затворањето на гласачките места, точно во 19 часот по локално време, објавија заеднички exit polls во соработка со агенциите „Pulse“, „MRB“, „MARC“„Metron analysis“„ GPO“ и „ALCO“.


Резултатите од 80 отсто преброени exit poll за приватните телевизии се дека секоја од партиите би добила:

Нова демократија од 36 до 40 отсто

СИРИЗА од 25 до 29 отсто

ПАСОК – Движење на промена од 9,50 до 12,50 отсто

Комунистичка партија на Грција од 6 до 8 отсто

Грчко решение од 3,50 до 5,50 отсто

МЕРА25 2,50 до 4,50 отсто

Во однос на распоредот на пратеничките места, процените на агенциите, според 80 проценти од преброени exit poll се дека Нова демократија не добива доволен број пратеници за еднопартиска влада.

Сепак, станува збор за проценки на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по грчко време.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK