Ролан Гарос без Беретини и Чилиќ

teniser
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанецот Матео Беретини и Хрватот Марин Чилиќ ги откажаа настапите на претстојниот Ролан Гарос, откако и двајцата тенисери сè уште се во процес на рехабилитација од повредите.

Беретини, 20 рангиран на АТП листата, нема настап од турнирот на земја во Монте Карло, кога го повреди стомачниот мускул.


Италијанецот претходно најави дека ќе биде подготвен за грен – слем турнирот во Париз, но мораше да го пролонгира враќањето на теренот за јуни.

Настапот на Ролан Гарос го откажа и Чилиќ, кој сè уште не е подготвен да се врати на теренот по операцијата на десното колено на почетокот на оваа година.

Хрватот лани дојде до полуфиналето на Роланд Гарос во кое загуби од Норвежанецот Каспер Руд.

Грен – слем турнирот во Париз почнува на 28 мај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK