Грајнер го одигра првиот натпревар по враќањето од руско заточеништво

grajner
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пет месеци по завршувањето на својот кошмар, американската кошаркарка Бритни Грајнер, која мина девет месеци во заточеништво во Русија, се врати на теренот на отворањето на новата сезона во женската НБА лига и беше поздравена со овации.

Грајнер со својата екипа Феникс Меркјури гостуваше во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, а меѓу присутните на трибините беше и американската потпретседателка Камала Харис, која не пропушти да ѝ посака добредојде на двократната олимписка победничка со САД во 2016 и 2020 година.


Последен пат кога Грајнер играше во северноамериканската женска кошаркарска лига (ВНБА) беше 17 октомври 2021 година во четвртиот натпревар од финалето во кое Феникс Меркјури загуби од Чикаго Скај

Грајнер беше уапсена на 17 февруари лани на московскиот аеродром Шереметјево, откако цариниците во нејзиниот багаж пронајдоа капсули за електронски цигари со масло од канабис.

Прославената 32-годишна кошаркарка во февруари лани беше ангажирана од рускиот тим Екатеринбург, за време на паузата во ВНБА.

Во август 2022 беше осудена на казна затвор од девет години, а потоа, откако желбата и беше одбиена, во ноември беше префрлена во казнена колонија во централна Русија.

На слобода беше пуштена на 8 декември лани по размена на затвореници меѓу Вашингтон и Москва. Беше размената за рускиот трговец со оружје Виктор Бут.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK