Реал Сосиедад прв пат победи на „Камп Ноу“ по пауза од 32 години

sosiedat_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Фудбалерите на Барселона го прославија синоќа освојувањето на шампионската титула во шпанското првенство со пораз на домашен терен (1-2) од Реал Сосиедад што за каталонскиот клуб беше само четврти натпревар сезонава без освоен бод во Ла Лига.

Баскискиот клуб до својот прв триумф на „Камп Ноу“ во последните 32 години дојде со головите на Мерино (5 минута) и Сориот (72), додека стрелец за Барселона беше Левандовски (90).


Реал Сосиедад со победата се зацврсти на табелата на четвртото место, кое последно обезбедува настап следната сезона во Лигата на шампиони.

На три кола до крајот на шпанското првенство Реал Сосиедад има 65 бодови, пет повеќе од Виљареал на петтото место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK