Приведени три лица, поднесена кривична пријава за „служба во непријателска војска“

kuche-istrazuvac
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на глобалната борба против тероризмот, МВР односно БЈБ – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во координирана акција со француската Агенцијата за национална безбедност, која постапи по меѓународна потерница издадена од нашата држава, реализираше случај, при што од слобода се лишени три лица македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територија на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејствија.

– Во изминатиот период, лицата О.С. (28), Р.С.(33) и М.Г. (26), беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територија на Република Северна Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Република Северна Македонија, информираат од МВР.


Постапувајќи по наредби за претрес издадена од судија за претходна постапка, изутринава, од страна на МВР биле извршени претреси на две локации во Скопје кај О.С. и Р. С., каде се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди кои можат да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK