ОН ги нарече „неприфатливи“ цивилните жртви во израелските напади врз Газа

guteresh
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш истакна дека цивилните жртви во Газа се „неприфатливи“ и повика тоа „веднаш да престане“ и побара сите страни да покажат максимална воздржаност, соопшти синоќа заменик-портпаролот на Гутереш, Фархан Хак.

Израел од вторникот напаѓа цели на Исламскиот џихад во Појасот Газа. Тројца високи членови на палестинското движење Исламски џихад беа убиени во воздушни напади таму во вторникот. Според палестинските власти, во нападите загинале вкупно 20 Палестинци, меѓу кои најмалку четири жени и пет деца.


– Израел мора да се придржува до своите обврски согласно меѓународното хуманитарно право, вклучително и пропорционална употреба на сила, и да ги преземе сите можни мерки за заштита на цивилите и објектите при воени операции, рече Хак.

Тој рече дека Гутереш, исто така, го осудува неселективното ракетирање од Газа кон Израел, што го прекршува меѓународното хуманитарно право и ги става во опасност палестинските и израелските цивили.

Советот за безбедност на ОН вчера се состана зад затворени врати за да разговара за најновиот пораст на насилството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK