Манчестер Јунајтед продолжува да изгледа мизерно. Во првиот домашен натпревар на Маурисио Покетино на клупата на „Црвените ѓаволи“, тимот од Олд Трафорд загуби од Брентфорд со 4:0 и со тоа ја продолжи катастрофалната серија без победа на десет натпревари во првенството.
Навивачите повторно имаа причина да бидат незадоволни, а Јунајтед повторно покажа колку е далеку од тим што треба да се бори за врвот на англискиот фудбал. Сега се бори да остане на нозе и утре, во зависност од резултатот на Кристал Палас против Хал, може дури и да падне на последното место.
Брентфорд ја заврши работата во првото полувреме. Калум Вилсон постигна гол во 19-та и 32-та минута, а одбраната на Јунајтед повторно изгледаше изгубено и несигурно.
Гостите ги казнија грешките на домашните без поголеми проблеми, додека Јунајтед немаше одговор. Кристофер Ајер постигна гол во 82-та минута за 3:0, а четвртиот гол го постигна Кевин Шаде во 91-та минута.
Особено загрижувачки е што проблемите не се појавуваат само во одредени натпревари. Јунајтед десет натпревари е без победа во првенството, а нивната одбрана стана сериозна слабост.
Против Брентфорд, тие ја продолжија својата неверојатна серија на примање најмалку два гола во последователни полувремиња – нешто што ниту еден тим во историјата на Премиер лигата не го направил во шест последователни полувремиња претходно.
Промената на тренерот не донесе резултат, впечаток е дека проблемитте се подбалоки. Новиот тренер Покетино по денбклот од Ливерпул и ремито со Спортинг во Лигата на шампионите, доживеа катастрофа против Брентфорд.
Јунајтед изгледа како тим без сигурност, континуитет и јасен одговор кога работите тргнуваат наопаку. На Олд Трафорд, повторно можеше да се чуе незадоволството на навивачите, кои веќе за време на натпреварот свиркаа кон тимот и испраќаа пораки против раководството на клубот.
Пред ова коло, Јунајтед беше на 19-то место, а ваков пораз само дополнително ја продлабочи кризата. Десет натпревари без победа не се минлива криза, туку доказ дека Јунајтед се наоѓа на една од најниските точки во својата богата историја.
Foto/ EPA