Американската пејачка Аријана Гранде наводно повторно ја пронашла среќата со поранешното момче Рики Алварез, со кого, според извори блиски до парот, веќе размислува за брак.
По речиси десет години од нивното раскинување, парот повторно ја обновил љубовната врска, а сега сериозно размислува за заедничката иднина.
„Аријана дефинитивно размислува да се омажи за Рики. Никогаш досега не била толку среќна и спокојна“, открил извор за „Пејџ сикс“.
Според истиот извор, нивната врска одлично функционира, а Алварез ја придружува пејачката речиси насекаде. Претставникот на Гранде не одговорил на барањето за коментар.
Гласините за обновувањето на романсата меѓу 33-годишната Аријана и 35-годишниот Рики започнаа на почетокот на летото, кога тој беше забележан во Тексас за време на нејзината турнеја „Eternal Sunshine“.
Двојката се запознала во 2015 година, кога Алварез работел како придружен танчар на нејзината турнеја „Honeymoon“. Истото лето нивната врска стана јавна, а во февруари 2016 година првпат се појавија заедно на црвениот тепих.
Нивната љубовна приказна ја инспирирала и песната „Moonlight“ од албумот „Dangerous Woman“, која пејачката ја напишала заедно со Викторија Моне.