Пешевска: На денешен ден во 2017 година со полициска опсада ми беа ставени лисици под обвинение за тероризам


929102193_1115611811472917_1358113560187162713_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешен ден, во 2017 година, нешто пред 05:00 часот наутро, со полициска опсада и насилно кршење на вратата, пред очите на моите три малолетни дечиња, ми беа ставени лисици на рацете под обвинение за тероризам, објави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.


Денес, додава таа, стојам гордо, исправена и со крената глава пред мојот македонски народ.

„На денешен ден, во 2017 година, нешто пред 05:00 часот наутро, со полициска опсада и насилно кршење на вратата, пред очите на моите три малолетни дечиња, ми беа ставени лисици на рацете под обвинение за тероризам.

Следуваа судски процеси, претреси, одземен имунитет и домашен притвор. На крајот, поради недостиг на докази, истрагата беше запрена. Но, она што не можеше да се запре беа болката, стравот и траумите што јас и моето семејство ги носиме до ден-денес.

Ниту една мајка не заслужува нејзините деца да го гледаат тој ужас. Ниту едно семејство не заслужува да поминува низ таква голгота.

Не се откажав, не потклекнав и нема да потклекнам кога станува збор за Македонија, за вистината и за националните интереси!

Но, мојата лична болка не е поголема од болката што ја чувствувам за моите браќа патриоти, кои беа долго одвоени од своите семејства.

Со длабока тага се сеќаваме и на Кире Ѓорѓиевски и Игор Југ, кои, за жал, не ја дочекаа слободата.
Времето минува, но неправдата не се заборава.  ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ, ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ“, напиша Пешевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK