Тренерот на Црвена звезда, Алберт Риера, остро реагираше на прашањата од новинарите по ремито 1:1 против Гент во Конференциската лига.
Шпанскиот тренер беше фрустриран од бројните пропуштени можности на неговиот тим.
Во Белгија, Црвена свезда прими гол во средината на првото полувреме, но потоа ја презеде иницијативата и беше значително поопасна. Играчите на белградскиот клуб шутираа 25 пати кон голот, но само три шута одеа во рамката на голот.
Еден од тие три шута, оној на Гаптаров заврши во мрежата. Македонскиот репрезентативец, во 85-та минута, по брилијанта соло акција, со удар од 15 метри, го погоди споритвниот агол и го изедначи резултатот.
Риера по натпреварот изјави дека не е лут, туку фрустриран. Неговото расположение се промени кога новинарите го прашаа за тактиката.
„Дали тоа е најважно? Тренерот мора да донесува одлуки. Тимот е важен. Шутнавме 25 пати и имавме три шута во голот. Вие можете да бидете тренер! Нема да ви одговорам. Сите вие сте тренери и знаете сè. Кој е десен бек? Можете ли да ми кажете кој играч го имам?“, одговори Риера.
Црвена звезда има пет бода во првите четири рунди, во наредното коло, на 10 декември ќе гостува во Грузија.
Foto/ EPA