Челзи сака да го врати Ридигер


antonio-rudiger-champions-league-2024-depositphotos_724063070_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англискиот премиерлигаш Челзи ја разгледува можноста за враќање на Антонио Ридигер, објави „Фудбал инсајдер“. Според информациите на овој портал, лондонскиот клуб би можел да се обиде да го доведе 33-годишниот германски репрезентативец веќе во јануарскиот преоден рок, и тоа со релативно мала отштета. Ридигер е член на Реал Мадрид, со кого има договор до летото 2027 година, но неговата иднина во шпанскиот гигант станува сè понеизвесна.


Информациите за можниот трансфер ги откри Брајан Кинг, поранешен скаут на Тотенхем, Астон Вила и Евертон. Тој верува дека враќањето на „Стемфорд Бриџ“, би била добра опција за двете страни, особено имајќи предвид дека Ридигер не игра важна улога во тимот на Реал во последно време.

Неговите минути во првенството се особено скромни бидејќи не одигра ниту една минута во последните пет натпревари од Ла Лига.

Ридигер играше за Челзи од 2017 до 2022 година и беше еден од клучните играчи на тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2021 година. Во финалето против Манчестер Сити, тој ги одигра сите 90 минути, а за време на престојот во Лондон се етаблираше како еден од најсигурните дефанзивци во Премиер лигата. Тој пристигна во Реал Мадрид во летото 2022 година како слободен агент, откако му истече договорот со Челзи.

Тој одигра 189 натпревари за Реал, освои голем број трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и шпанското првенство. Неговиот статус во тимот се промени по проблемите со повредите и промените во конкуренцијата за место во одбраната. Иако беше важен член на тимот во текот на претходните сезони, во моментов тешко се бори за континуитет на настапите во првенството.

Враќањето на Ридигер би можело да има смисла и поради проблемите на Челзи во дефанзивната линија. Искусниот Германец добро го познава клубот, Премиер лигата и барањата на англискиот фудбал, а неговото доаѓање би донело дополнително искуство за помладите дефанзивци како Левај Колвил и Џош Ачеампонг. Брајан Кинг го споменува Ридигер како едно од можните засилувања, заедно со Јакоб Рамон и Алекс Скот.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK