Пред трката во Валенсија, последна сезонава во Мото ГП шампионатот, старо-новиот шампион Марк Маркез, го најави своето пензионирање. Шпанецот објави дека трката во Валенсија ќе биде последна во неговата кариера.
Веста ги шокира фановите, бидејќи се оччекуваше тој да ја продолжи кариерата во Дукати, но Шпанецот одлучи да стави крај на својата професионална кариера.
Марк Маркез го објави своето пензионирање во Валенсија на истото место каде што Валентино Роси го направи тоа точно пред пет години.
Шпанскиот мотоциклист ја изненади јавноста со објавата што ја даде во живо пред првиот тренинг во Шпанија, а веста за неговото пензионирање брзо одекна меѓу љубителите на мотоциклизмот. Десеткратниот светски шампион одлучи да стави крај на својата извонредна кариера.
A message from @marcmarquez93 🚨
BREAKING NEWS: This will be Marc Marquez’s LAST RACE IN #MotoGP #ValenciaGP 🏁 pic.twitter.com/WvgDWBPA6b
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 27, 2026
Фактот дека Маркез има сезона зад себе во која стигна до десеттата светска титула, осма во најсилната класа, дава посебна симболика на оваа одлука. Со тоа, тој уште еднаш го потврди својот статус на еден од најголемите мотоциклисти на сите времиња.
Неговиот пат до врвот не беше лесен. Бројни повреди, долго закрепнување и периоди во кои се чинеше дека никогаш нема да се врати на своето поранешно ниво ги обележаа претходните години. Сепак, враќањето на врвот со Дукати претставуваше еден од најголемите подвизи во неговата кариера.
Валенсија на тој начин ќе стане последното поглавје од една исклучителна спортска приказна. Шпанскиот ас остава зад себе наследство кое тешко ќе може да се спореди, а неговото последно возење во шампионатот Мото ГП ќе биде во недела.
Foto/ Depositphotos