Општина Центар изведува градежни работи за санација на кровот во ООУ „Димитар Миладинов“. Со реконструкцијата ќе се реши долгогодишниот проблем со протекување и ќе се подобрат условите за учениците и наставниците.
„Го решаваме долгогодишниот проблем со протекување и создаваме подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата. Наш приоритет се училиштата, нивната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.
Стариот лимен покрив, кој протекуваше на повеќе места во училниците и холот, е демонтиран, а дотраените делови од кровната конструкција се отстранети. Во тек е поставување нова минерална волна за топлинска изолација и монтажа на пластифициран ребраст лим со опшивки за заштита од ветер и снег.
По завршувањето на работите на кровот, за време на зимскиот распуст, ќе се изведат и молерофарбарски работи во внатрешноста на училиштето.