Општина Бутел вчера додели 349 спортски стипендии на најдобрите спортисти од општината.
Општина Бутел спроведе транспарентна постапка со јасно утврдени критериуми и обезбеди месечна и еднократна финансиска поддршка за сите спортисти кои аплицираа на јавниот повик.
Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека е особено горд и верува дека стипендистите се идните европски, светски и олимписки шампиони кои ќе ја прослават Македонија ширум светот.
Воедно, градоначалникот нагласи дека ќе продолжи биде цврст партнер на секој спортист и спортски клуб од општина Бутел.
„Лидерската позиција не се стекнува со зборови, туку со дела, инвестиции и резултати. Во општина Бутел вредноста на спортот е најголема“, рече Костовски.