Зеленски ги предупреди Украинците: Русите подготвуваат нов масовен напад


zelenski-depositphotos_904758486_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија планира нов масовен напад врз Украина во наредните денови. „За жал, имаме информации за нов масовен напад што го подготвуваат Русите. Ве молам, обрнете внимание на предупредувањата за ракетни закани во наредните денови“, рече Зеленски.


„А во Русија треба да знаат дека ние ќе го вратиме она што е наше и ќе одговориме на секој напад“, додаде тој. Ова е второ предупредување што украинскиот претседател го упатува оваа недела. Од септември, руските сили вршат речиси непрекинати, целодневни напади врз Киев и други украински градови.

Ракетен напад

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека Русија во текот на претходната ноќ го нападнала Киев со балистички ракети, при што се ранети седум лица, а погодени се трговски центар и уште две згради. Од друга страна, Москва тврди дека цел на нападот биле локации поврзани со беспилотни летала.

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека украински беспилотни летала погодиле рафинерија за нафта во рускиот јужен регион Краснодар.

Украинската војска, исто така, извести дека биле погодени резервоари за нафта во објект на руската компанија „Трансњефт“ во централниот регион Башкортостан, како и воениот аеродром „Мариновка“ во регионот Волгоград. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди овие тврдења. И Русија и Украина тврдат дека не гаѓаат цивилни цели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK