Кремљ: Лукашенко му даде многу добра понуда на Зеленски, но тој ја одби


Depositphotos_27208967_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека е тешко да се процени ставот на Европа за дијалогот со Русија поради противречните изјави на европските претставници. Во разговор со руските медиуми тој ги коментираше и преговорите за Украина, понудата на белорускиот претседател Александар Лукашенко до Володимир Зеленски и украинските напади врз руски бродови, пренесува ТАСС.


Песков истакна дека Москва останува отворена за контакти со претставниците на Европската Унија, но дека засега нема конкретни информации за евентуална посета на европска делегација на Москва.

Во однос на преговорите за Украина, тој повтори дека Русија е подготвена за дијалог, но дека ќе ги продолжи воените дејства сè додека преку преговори не ги постигне поставените цели. Датумот за следната рунда разговори во Абу Даби сè уште не е утврден.

Песков ја оцени како многу добра понудата на Лукашенко да биде гарант за безбедноста на Зеленски за време на евентуална посета на Москва.

„Познато е дека белорускиот претседател повеќепати изрази подготвеност да ја даде сета можна помош за решавање на овој конфликт. Тоа е многу добра понуда за Зеленски, но тој, како што знаеме, не ја прифати“, рече Песков.

Тој нагласи дека Москва е благодарна на Минск за досегашната помош во одржувањето на контактите и спроведувањето на хуманитарните операции.

Песков, исто така, оцени дека украинските напади врз руски бродови во Средоземното и Балтичкото Море го прошируваат конфликтот и ја загрозуваат безбедноста на други земји, вклучително и оние што ѝ обезбедуваат финансиска и воена помош на Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK