Рано утринава била фрлена бомба врз куќата на Слободан Вујичиќ во Обреновац, пренесува Нова.рс, додавајќи дека тој е директор на компанијата „Про Тент“.
Улицата каде што живее Вујичиќ е блокирана, а пред куќата се наоѓаат полициски возила.
Нова.рс наведува дека адвокатот Иван Ниниќ претходно поднел кривична пријава против Вујичиќ и „Про Тент“ во врска со прибирањето на таканаречените „капиларни гласови“.